Македонскиот вицепрвак Вардар денеска го игра натпреварот против португалската екипа Бенфика, на кој со победа може да се пласира во осминафиналето и да остане во трка за четвртфиналето.
За „црвено-црните“, кои загубија со пет гола разлика, ќе биде најважно да слават, а доколку се укаже прилика да бркаат и повисок триумф, што ќе им гарантира подобар меѓусебен скор со португалскиот состав.
Tренерот Чупиќ се реши да ги изостави Гогов, Георгиевски, Стојановски…а во составот во споредба со мечот во Автокоманда се враќаат Еспиња, Марчињак, Пинто…
Мелсунген ќе му гостува на шведскиот Кристијанштад, кој исто така се уште е со шанси за прогрес, но мора вечерва да слави.
На табелата, Мелсунген има шест бода, Вардар и Бенфика со по четири се на делба на второто место, додека Кристијанштад има два бода на последното место.
Натреварот меѓу Вардар и Бенфика се игра вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
























