Вардар брка победа утре (20,45 ч.) против Бенфика во Главната фаза од Лига Европа со која би го потврдиле местото во осминафиналето. Ќе им треба и триумф од пет и повеќе гола, за да имаат подобра меѓусебна гол разлика, па во случај на ист број бодови да имаат предност.
„Утре играме Бенфика. Не не интересира што било во саботата или што ќе дојде потоа – живееме во сегашноста. Со победа утре можеме да направиме нешто повеќе за следниот вторник. Се уште немаме завршено ништо со Бенфика. Се надевам на полн „Јане Сандански“. Утре е натпревар на живот или смрт, смета Иван Чупиќ, тренерот на Вардар.
Иако постојан калкулации кое место би било најдобро за Вардар за продолжување понатаму, па и за четвртфинале, Чупиќ смета дека нема потреба од математика.
„Јас гледам малку поинаку. Ако си меѓу 10 и 12 во Лигата на шампионите, само на хартија може да изгледа дека некој противник е полесен. Ако ја поминеме оваа група и одиме во осминафинале, таму не чекаат два натпревари и повторно одбраната ќе решава. Немаме луксуз да бираме. Во оваа Лига Европа, особено во овој втор дел и понатаму, мораме со двете нозе цврсто да стоиме на земја, да работиме, да тренираме и на секој меч да бидеме 300 на саат. Кој и да дојде, мора да бидеме подготвени, смета Чупиќ.
























