Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја започна продажбата на билети за натпреварот против францускиот гигант ПСЖ, во рамки на 13. коло од Лигата на шампионите.
Битолчани за последен пат оваа сезона ќе истрчаат на домашен терен во елитното европско натпреварување, а ривалот е повеќе од атрактивен.
Гостувањето на еден од најсилните тимови на континентот е доволна причина салата „Боро Чурлевски“ да биде исполнета до последното место.
Натпреварот е закажан за 4 март со почеток од 20:45 часот, а од клубот информираат дека билетите по цена од 450 и 550 денари, се веќе пуштени во продажба и можат да се набават онлајн TУКА, како и на неколку продажни места во Битола.
Со оглед на интересот и атрактивноста на противникот, се очекува трибините да бидат распродадени.
























