Митревски: Сите заслуги за одбраната – одигравме како шампионски тим

Еурофарм Пелистер се враќа со бод од Данска кај ГОГ, играјќи нерешено 28-28 оставајќи ги живи надежите дека битолчани можат да продолжат во следната фаза на Лигата на шампионите. Имаа негатива, но го „свртеа резултатот’ во второтио дел, па и поведоа. На крај можеше дури и да загубат, па овој бод е ист како и победа.

„Почнавме малку во грч и тука противникот ја направи разликата. Морам да ја пофалам одбраната за борбеноста и пожртвуваноста. Имавме напад и за плус 2, но направивме техничка грешка што се случува еднаш во сезона. Одигравме заедно, како што доликува на шампион, и покажавме квалитет. Треба да бидеме задоволни со бодот, иако можевме и да победиме, но и да загубиме. Заслужено освоивме бод и сакам на сите да им честитам, изјави Митревски.

Останува само теорија за осминафиналето, но во спортото се е можно.

„Секако, на секој натпревар ќе одиме на победа, без разлика на противникот или местото на играње. Не се оптоваруваме со табелата – играме за нас, за клубот, за навивачите, за Македонија и да се подготвиме за плеј-офот, изјави Митревски.