Чупиќ: Преземам одговорност, одиме напред заедно до осминафиналето

Вардар има период во кој веројатно со играњето ќе го трасира патот на тоа каде ќе ја заврши сезоната. Утре во Скопје се игра дуелот со Мелсунген од второто коло на Лига Европа.

Но, вардарци се уште се сеќаваат на лошото издание од првото коло и гостувањето во Португалија. Вардар имаше 22 технички грешки и прими 40 гола. Тренерот Иван Чупиќ смета дека тоа треба да се заборави и да се сконцентрирата на она што следи.

„Реалност е дека главен виновник за тој пораз е тренерот, и јас ја преземам таа одговорност. Не бевме на ниво на кое очекуваме и ние и тие што не гледаат, со 20-тина технички грешки и со примените технички грешки. Разбираме каде е проблемот на тој меч. Зборевме со играчи, се случуваат и такви натпревари во сезона, и не може некогаш да се објасни. Така мојот тим не играл никогаш, но кога ќе се случи треба да се затвориш во сала и да работиш, и заедно да тргнеме напред, и така направивме. Тимот после два дена покажа во Автокоманда и карактер и одговорност кон дресот што го носиме. После секој пораз се преиспитуваш, го забораваме тој меч и се концентрираме на оној пред нас, и со навивачите да одиме напред, смета Чупиќ, тренерот на скопјани.

Ги повика Чупиќ навивачите да ја исполнат салата, а за Мелсунге не штедеше зборови, каде тренер не неговиот поранешен тренер Роберто Парондо кој во 2019 година беше шампион на Европа, токму со Вардар.

„Ја знаеме силата на Мелсунген, ќе се спремаме за нив. Нема што многу да се каже. Квалитетна екипа, има квалитетен тренер, играат заедно неколку сезони. Наша цел е дека со два домашни меча би обезбедиле осминафинале, тоа е наш прв план. За да се реализира тоа, не чека тежок дуел. За крај на моето излагање, се надевам дека после тешка недела пред нас и што завршивме убаво, и утре ќе ја наполниме салата, и ние на терен и навивачите на трибина ќе направиме атмосфера, и задоволни со 2 бода ќе продолжиме, смета Чупиќ.

Средбата Вардар – Мелсунге е закажана за утревечер во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“