Ракометарите на Келце славеа против Веспрем со 36-35 и го отпишаа унгарскиот гигант од битката за директно место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Двете екипи имаа свои моменти, водеа со по четири голови разлика, но во последните десетина минути се играше гол за гол. Победничкиот погодок беше дело на Пјотр Јарошевич од пенал, а потоа Веспрем не искористи шанса преку Хешам.
Голманите на Веспрем одбранија само пет удари, додека Ферлин на голот на Келце имаше осум интервенции, но со слаб процент на успешност.
Фуксе Берлин победи на гости кај Динамо Букурешт со 27-21 и го потврди местото во четвртфинале, а во следните три кола ќе се бори со Алборг за првото место во групата А.

























