ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Алушовски избра за Висла Плоцк, гостите без Сердио и Терзиќ

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дуелот на Еурофарм Пелистер во Битола против Висла Плоцк.

Полскиот првак минатата сезона си замина со пораз од „Боро Чурлевски“, а навивачите на Еурофарм Пелистер посакуваат да се повтори тоа и сезонава.

Стевче Алушовски и Чави Сабате ги одредија составите за пресметката на Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк.

Алушовски за овој меч нема да смета на Калајџиески, Хаџиќ и Кузманоски, додека сите останати ќе има на располагање. Во тимот на Висла Плоцк недостигаат Абел Сердио и Мирсад Терзиќ.

Пелистерци се на седмото место со четири бода, зад ПСЖ и ГОГ Гудме со по осум бодови, а ако слави против Висла Плоцк ќе се приклучат во битката за осминафинале.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се игра вечерва со почеток од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.