Словенечкиот првак Слован Љубљана го промовираше најавеното засилување за наредната сезона – Домен Тајник.
Актуелниот член на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се враќа во татковината и потпиша договор на три сезони.
Средниот бек ќе остане во тимот предводен од селекторот на Словенија, Урош Зорман, најмалку до 2029 година.
Тајник дојде во Битола во 2023 година и ја одработува третата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер.
Во Слован Љубљана ќе ја дели минутажата со Сташ Скубе.

























