По Јован Атанасовски, уште двајца ракометари од Велес го засилија прволигашот Текстилец од Штип.
Станува збор за левиот бек Лазар Стојанов и десниот бек Димитар Минов, кои ќе бидат дел од тимот на Бобан Попов.
Тие веќе дебитираа за Текстилец на мечот со Преспа и погодија по три пати во триумфот над Преспа со 37-30.
Стојанов потекнува од Велес, играше за тимовите на Драчево, Металург РА, Вардар Неготино, додека Минов има кариера што ја градеше низ Тиквеш, Вардар Неготино, Партизан Гевгелија, Овче Поле…























