Ракометната федерација на Македонија го продолжува ракометниот караван кој веќе успешно беше реализиран во Охрид, Прилеп, Битола и Кавадарци.
Следниот град што ќе го пречека караванот е Богданци. Настанот ќе се одржи на 21 февруари во спортската сала „Млаз“, со почеток во 13:00 часот.
Како и досега, целта на караванот е да го доближи ракометот до најмладите генерации, да ја зголеми неговата популарност…
Специјални гости на ова издание на караванот ќе бидат некогашните репрезентативци Ристо Узунчев и Лилјана Новоселска и актуелната репрезентативка Марија Гугуљанова.

























