- Братот на Елијас Елефсен а Скипаготу, Рој, на лето ќе ја смени клупската средина. Репрезентативецот на Фарски Острови ќе си заине од шведскиот Халби и ќе се пресели во данскиот Архус.
- Унгарскиот тим Балатонфуреди, еден од можните ривали на Охрид, ако двете екипи го потврдат пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Купот, го продолжи договорот со српскиот лев бек Стеван Сретеновиќ до 2028 година.
- Десниот бек на Гумерсбах и португалската репрезентација, Жуан Гомеш, по доаѓањето на Алекс Душебаев на лето ќе биде позајмен на Порто и одново ќе заигра во татковината до летото 2027 година.
- Францускиот Дижон од следното лето ќе има нова голманка. Станува збор за австриската репрезентативка Лена Иванчок, која брани за Некарсулмер, а преетходно беше дел од Локомотива Загреб и Подравка.
- Левото крило на Монпелје и шведската репрезентација, Лукас Пелас, на лето ќе си замине од францускиот шампионат и ќе игра одново во Скандинавија. Тој потпиша договор со данскиот ГОГ Гудме.
























