Браќата Илиевски на нова европска задача

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Лигата на Европа кај дамите.

Македонскиот пар Методија и Михајло Илиевски е делегиран за дуел од групата Д и тие ќе патуваат за Полска.

Браќата Илиевски ќе го судат натпреварот меѓу полскиот првак Заглебје Лубин и данскиот Виборг, додека делегат е Беќири од Косово.

Овој двобој е закажан за 15 февруари во 14:00 часот, а ќе се одигра во салата „Видосково“ во Лубин.