Словенечкиот прволигаш Ајдовшчина му посака добредојде на македонскиот десен бек Михаил Иваноски.
Тоа што го најави 24Ракомет пред Нова година, денеска доби своја официјализација и Иваноски е промовиран како нов ракометар на амбициозниот словенечки клуб.
Иваноски минатото лето се врати од позајмицата во српскиот состав Дубочица Лесковац, каде имаше забележителни партии, но не ја доби посакуваната минутажа во Автокоманда, па реши да си ја побара среќата на друго место.
Во преден план кај Лазаров беа Велковски и Серафимов, па Иваноски играше само на неколку меча против послабите противници.
Иваноски потекнува од Охрид, играше за Голден Арт, како и двата тима од Автокоманда, а имаше интернационално искуство во Србија.
Сега во продолжение од сезоната ќе соработува со македонскиот стратег Раде Стојановиќ во Словенија, откако заедно беа дел и од Охрид своевремено.























