ДЕНЕСКА НА ЕП: Србите ќе ја предизвикаат „фуријата“, соседски двобој на Германија и Австрија

Со денешните четири средби во Хернинг и Осло ќе биде отворено Европското првенство, 17 по ред.

Во центарот на вниманието ќе биде средбата меѓу Шпанија и Србија, која со нов селектор во името на Раул Гонзалез ќе се обиде да ја изненади „фуријата“.

Шпанците доаѓаат со подмладен состав, но се уште се тука браќата Душебаеви, Гомез, Хернандез, Касадо…а Србите со Шпанец на клупата ќе пробаат да ги повторат партиите од претходните квалификации кога два пати славеа над ривалот.

Европскиот првак Франција и покрај проблемите со составот треба да има лесна задача против Чешка, исто како и домаќинот Норвешка против Украина.

Интересно се очекува да биде на соседската пресметка меѓу Германија и Австрија, но фаворитската улога ќе ја имаат „панцирите“. Во досегашните 14 натпревари, Германија има 11 победи, а три средби завршиле нерешено.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ШПАНИЈА – СРБИЈА
18:00 ФРАНЦИЈА – ЧЕШКА
20:30 ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА
20:30 НОРВЕШКА – УКРАИНА