Ракометарите на Охрид прославија убедлива победа над српскиот Врбас со 40-21 во првиот пријателски натпревар во Србија.
Избраниците на Борис Ројевиќ победникот го решија уште по првото полувреме кога беше 22-13 за македонскиот претставник.
Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометари, но немаше големи промени во поглед на резултатот.
Новото засилување Прибетиќ даде седум гола, Јагуриновски кој очигледно е максимално подготвен за игра имаше пет погодоци, а Ојлески и Стрмљан стрелаа по четири пати.
„Гладијаторите“ ќе тренираат во Врбас уште два дена, по што се селат во Белград, каде ќе бидат дел од мемотијалниот турнир „Вук Рогановиќ“.
На 16 јануари во полуфиналето силите ќе ги одмерат со Динамо Панчево, додека во второто полуфинале ќе играат Партизан и Тримо Требње.
























