Машката репрезентација на Македонија 35-27 над данскиот прволигаш Митјиланд на последната проверка пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија имаше водство со 5-3, но домаќините набрзина се вратија во егал, 8-8, а дури и поведоа. Сепак на паузата момците на Лазаров ја имаа предноста со 14-13.
На стартот на второто полувреме, нашата репрезентација зголеми на 18-15, а како се приближуваше крајот, така разликата се зголемуваше.
Кога Македонија се одлепи на 26-21, стана јасно дека петте тестови пред ЕП ќе бидат завршени победнички.
Претходно Македонија загуби од Хрватска, ремизираше со Швајцарија, а ги совлада Бахреин и Украина.
Настапот на ЕП, нашите момци го почнуваат в петок со средбата против домаќинот Данска во „Јуске Банк Боксен“ со почеток во 20:30 часот.
























