Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан не е повеќе член на Вардар, а македонскиот вицепрвак денеска го официјализираше прекинот на соработката.
Договорот е раскинат спогодбено, па Борозан сега е слободен во потрагата по нова средина.
„Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина.
Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.
Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера“, се вели во објавата на Вардар.
Црногорецот го имаше вториот мандат во Вардар, откако претходно беше дел од клубот до 2019 година.























