Амбициозниот суперлигаш Охрид одработува дел од зимските подготовки во српскиот град Врбас, каде ќе одигра еден пријателски натпревар во рамки на подготовките за продолжението од сезоната.
На подготовките му се приклучи и новото засилување, хрватскиот интернационалец Џанфранко Прибетиќ, додека во тимот се врати и Анте Иванковиќ, откако не обезбеди место на списокот на хрватската репрезентација за Европското првенство.
Од клубот објавија дека Томислав Јагуриновски не е повреден и тренира активно, иако отпадна од комбинација за настап на ЕП, но ќе игра на пријателскиот дуел со Врбас, а од Охрид на ЕП оди само Дарко Ѓукиќ со Србија.
Охрид го најави и учеството на реномираниот подготвителен турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград на 17 и 18 јануари, а покрај македонскиот претставник ќе играат и Партизан Белград, Динамо Панчево и Тримо Требње.
Охрид ја заврши есенската полусезона на третото место во македонската Супер лига, а напролет го очекува настап во осминафиналето на Европскиот Куп.

























