Актуелниот европски првак и лидер на табелата во Бундес лигата ги изненади своите навивачи со новиот продукт во фан шопот – баварски колбаси.
Во практично стаклено пакување со пет колбаси, по цена од пет евра, навивачите на Магдебург можат да си купат вистински гастрономски сувенир.
Колбасите, на кои е врежано логото на Магдебург, се продаваат во клупскиот фан-шоп, но и во локалните супермаркети, а производството е доверено на регионална компанија за месни производи.
Големиот интерес го потврдува и фактот дека фан-шопот веќе три пати морал да нарача нови количини, а производот ќе остане дел од понудата и понатаму.
Со оглед на тоа што во Македонија има многу љубители на вакви производи, нашите клубови би можеле да размислат да вклучат ваков производ во своите понуди на фан-шоповите.
























