Последниот тим на табелата во суперлигашкото друштво, Радовиш, остана без двајца ракометари за пролетниот дел од сезоната.
Средниот бек Бобан Каковски и левиот бек Илија Табаков заминаа од Радовиш и ќе имаат нови клубови.
Радовишани досега одиграа 18 натпревари во Супер лигата, но запишаа 18 порази и ќе имаат тешка задача да обезбедат опстанок низ плеј-аутот.
Клубот остана без предводникот Александар Долдуров, па во двете последни кола од 2025 година, на клупата седеше Игор Конзулов.


























