Кадетите на собир – договорени две пријателски средби

Машката кадетска репрезентација на Македонија ќе биде на собир после Нова Година од 2 до 5 јануари.

Како дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Србија, избраниците на Горан Кузманоски ќе одиграат две средби со селекцијата на Црна Гора.

Црногорците на почетокот на 2026 ќе допатуваат во Скопје и ќе тестираат со нашата селекција во СЦ „Јане Сандански“.

Двете репрезентации обезбедија пласман на кадетското Европско првенство во 2026 што ќе се игра во август во Србија.