Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, се соочи со првиот проблем во подготовките за ЕП.
Тој остана без услугите на кружниот напаѓач Валентин Карасманакис, кој го скрши прстот на шутерската рака и отпадна од комбинација за настап.
Лазаров веднаш реагираше и го повика Никола Маркоски, кој се приклучи на националниот тим.
Претходно Лазаров остана и без Милан Лазаревски, па на линијата од шест метри се Жарко Пешевски, Самоил Ристевски, Марко Стојковиќ и Михаил Аларов.
Македонија ќе игра пријателски со Хрватска во Пореч на 28 декември, како и со Швајцарија, Бахреин и Украина во Винтертур од 8 до 10 јануари.

























