ТОП 5 прволигашки стрелци: Сентовска без конкуренција на врвот – ја следат Јованоска, Вучевска…

По одигрувањето на 13 кола од прволигашката конкуренција и завршувањето на есенскиот дел од сезоната, време е за сумирање на оствареното досега.

Лидер на стрелците во Првата женска лига е десното крило на Овче Поле СУ, Анастасија Сентовска со дури 104 погодоци.

Сентовска настапи на 11 натпревари за тимот од Свети Николе што значи дека во просек постигнуваше по 9.45 голови.

Во ТОП 5 листата на стрелците се наоѓаат уште Анастасија Јованоска од Деспина со 65, Елена Вучевска со 63 од Овче Поле СУ, додека на делба на четвртото место се Алтина Хасани од Јехона и искусната Мери Гичева од Деспина со по 62 постигнати голови.