Тимот на Атлетик веќе може да прави планови за елитното друштво, бидејќи покажа дека нема конкуренција во Првата лига.
Избраничките на Татјана Хмирова го завршија есенскиот дел на сезоната со 11 победи на 11 натпревари, откако славеа и против Јехона со 34-11.
На табелата, Атлетик е прв со 22 бодови, Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ се на делба на второто место со по 16 бодови.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Моника Босилковска со седум и Михаела Кралева со пет гола, а кај Јехона се истакнаа Лазарела Лазареска и Алтина Хасани со по четири погодоци.


























