Maкедонскиот првак Еурофарм Пелистер кон крајот на годината ќе го реализира изненадувањето што го најави.
Битолчани за своите фанови ќе организираат спектакуларен ревијален натпревар на ветераните, проследен со свечена академија и музичка програма, по повод 70 години потоење на клубот.
„Заминува супер-успешната 2025 година за нашиот клуб. Но, имаме уште една мисија за исполнување. Во дванаесетте месеци во годината која изминува станавме шампионот на Македонија, трета година по ред, го освоивме Суперкупот и игравме во финалето на Купот на Македонија.
Нашиот развоен клуб беше шампион во Првата лига, младинските категории водат главен збор во домашните шампионати, па дури стигнаа и до Келн. Се етаблиравме во стандарден член на Лигата на шампионите и цел континент разбра за најракометниот град и најдобрите навивачите. Ни останува уште достоинствено да ја испратиме годината во кој прославуваме јубилеј – 70 години постоење РК Пелистер.
Свечена академија, музичка програма и спектакуларен ревијален натпревар на ветерани
Сабота, 27 декември (спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола – 18:00 часот)
Влез слободен“, се вели во соопштението.
Годината што изминува беше многу плодна на битолчани, бидејќи беше освоена титулата во супер лигата, потоа трофејот во Супер Купот, младинската екипа стигна до Ф4 во Лигата на шампионите, додека сениорите запишаа две победи во најелитното европско клупско натпреварување, а беше освоена титула и во младинските категории.
























