МЛАДИНЦИ: Бутел убедлив против Вардар, Пролет ја освои Автокоманда

Со петте натпревари беше комплетирано 13 коло во младинската машка лига, а на врвот нема промени. Лидерот Еурофарм Пелистер 2 славеше убедливо против Вардар Неготино, а Андреј Дамчевски и Иван Велески комбинираа 16 погодоци за победничкиот тим, додека Еурофарм Пелистер исто така запиша триумф над Тиквеш со 35-34.

Иако кавадарчани водеа со 34-32 на две и пол минути до крајот на мечот, сепак домашните преку Андреј Георгиев и Стефан Василевски израмнија, а по новата грешка на Тиквеш, повторно Георгиев реализираше на десетина секунди за триумф на битолчани. Василевски и Тео Спировски имаа по десет гола за домаќините, а Матеј Петрески погоди седум пати за Тиквеш.

Бутел Скопје запиша втора победа во серија, откако славеше против Вардар со 38-30. Во тимот на Стефан Стојановски се истакна Марко Каевски со 11 голови, а за победничкиот тим дебитираше Филип Зенговски, кој има само 12 години и постигна гол од пенал.

Кадетскиот репрезентативец Горазд Дамчевски даде 13 голови во триумфот на Пролет кај „сино-белите“ од Автокоманда, а ова беше седма победа по ред за момците на Игор Илиевски. Покрај Дамчевски, кадетските репрезентативци Димитар Симовски со седум, како и Ѓорѓи Лешниковски и Лука Јовиќ со по шест гола беа исто така меѓу најдобрите на теренот.

Младинци, 13 коло, резултати: 

Бутел Скопје – Вардар 38-30
Алкалоид – Пролет 36-37
Мулти Есенс – Куманово 47-24
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 35-34
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар Неготино 43-21

Табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 24, 2. Мулти Есенс 24, 3. Пролет 18, 4. Бутел Скопје 14, 5. Алкалоид 14, 6. Куманово 14…