Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го скрати списокот пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Зорман се реши да го изостави средниот бек на Висла Плоцк, Миха Зарабец, а шанса ќе добијат двата средни бекови на Вардар и Еурофарм Пелистер, Јака Малус и Домен Тајник.
Покрај нив двајца, на скратениот список се наоѓа и левиот бек на македонскиот шампион, Ник Хенигман.
Освен Зарабец, го нема ниту искусниот пивотмен Блаж Благотиншек, ниту Борут Мачковшек. Зорман откри дека во договор со тројцата играчи, тие нема да настапат на ЕП поради умор од напорниот ритам на натпревар. Меѓу стативите го нема ниту Урбан Лесјак, а повредени се Тадеј Кљун и Матиц Грошељ.
Словенија ќе игра пријателски средби со Кувајт, како и со Исланд, односно Франција или Австрија пред ЕП. На континенталниот собир Словенците ќе играат против Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.



























