Кога Еурофарм Пелистер за шест минути постигна 6 гола во низа, и направи водство од 18-11 против Тиквеш во 40 минута од мечот беше јасно дека „зелено-белите“ со триумф ќе ја завршат 2025 година. И така и беше, го победија тимот од Кавадарци со 29-21
За Тиквеш од беше „вкалкулиран пораз“ против фаворитот Еурофарм Пелистер кој беше под силен притисок по поразот во Охрид. Битолчани остануваа на второто место на табелата со заостанување од 4 бода во однос на лидерот Вардар. Кавадарчани годината ја завршуваат на 5. место со 18 бода, исто колку и Бутел.
Имаа домаќините предност и од „плус 10“ гола во второто полувреме, потврдувајќи ја својата класа (25-15). Но, иако во последните десет минути од средбата домашните имаа предност која и носеше сигурна победа, сепак почетоко на средбата, па и до самиот шиниш на првите 30 минути не изгледаше дека лесно ќе ги освојат бодовите.
Домаќините во своите редови ги немаа Богдан Радивојевиќ, Осаман Хосни и Дејан Манасков. Се до 27 минута Тиквеш имаше водство (10-9) и така беше 14 минути, затоа што гостите од Кавадарци знајеа да ги искористат своите шанси. Во 20 минута преку Димовски, Тиквеше имаше и предност од 9-6, но немаа сили да направат повисока предност.
Кога Видомски во 27 минута израмни на 10-10, следуваше предиод од речиси три минути во кој и двете екипи имаа нереализирани акции, а потоа Хакбарт и Валид за 35 секунди постигнаа два гола, со кои Еурофарм Пелистер зголеми на 12-10 и замина на одмор.
Потоа „тргна битолската машина“ па до крај немаше проблеми да ги освои бодовите.

























