Тимот на Прилеп во пролетниот дел од сезоната нема да смета на црногорскиот лев бек Божидар Лековиќ.
По Грузиецот Сандро Дарсанија, кој скина лигаменти пред стартот на сезоната и со него беше раскинат договорот, сега и Лековиќ и Прилеп решија да се разделат спогодбено.
Црногорецот не играше премногу, во текот на сезоната се врати од Словенија и Никола Цветановски, па Лековиќ падна во втор план.
Сега во Прилеп на располагање на стратегот Наум Танески му остануваат уште тројца странци – средниот бек Владан Кастратовиќ, десното крило Денис Шабановиќ и пивотот Томислав Квастек.
Прилепчани имаат 16 бодови на седмото место на табелата, пред Еурофарм Пелистер 2 со 15 кој има и меч помалку, па напролет ќе ја продолжат борбата за плеј-офот.
























