Гостите од Радовиш знаеја дека немаат големи шанси против актуелниот лидер на табелата, Вардар, а дојдоа и со нов тренер, Љупчо Мијалов, и „рударите“ загубија очекувано, со 40-26. Вардар играше со „втората постава“, а на клупата иако беа и Горига, Јанковски, Малус, Георгиевски, Валах воопшто не влегоа на паркет. И покрај тоа постигнаа 40 гола,
На трибините беа Еспиња, Кеита, Тузолана, Марчинијак, Лазаревски, Стаменковиќ. Неизвесно беше само какоќе заврши средбата, со колкава гол разлика, бидејќи евидентна беше разиката во квалитетот. Веќе на полувреме „црвено-црните“ водеа со 22-13.
До 40 минута од средбата Николас Боно и Мигуел Пинто постигнаа речиси половина од головите на Вардар (вкупно 20 гола), кој имаше предност „плус 12“ гола. На пикерската линија цел меч беше Кристијан Атанасовски, а поголем аминутажа добија и Марко Богдановски (одбрани пенал и топки), Марио Танковски, Харуки Кавада.

Рдовиш останува „закован“ за дното на табелата со 17 порази сезонава и како сериозен кандидат за директно испаѓање од лигата.
Николас Боно даде 11 гола од исто толку упатениудари, а Мугуел Пинто погоди 9 пати за Вардар. Пикерот Кристијан Атанасовски даде 8 гола. Кај гостите Здравко Постолов даде гола.
Во последното коло во 2025 година, Вардар требада гостува во Прилеп, а Радовиш е домаќин на Охрид.
























