„Комити“ во поход на Битола – најголемото дерби со две навивачки групи

Во центарот на вниманието на јавноста ќе биде најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Од „црвено-црниот“ тим најавија присуство на „Комити“ во Битола, „Чкембари“ исто така ќе бидат на трибините во „Боро Чурлевски“, па се очекува дербито да помине во одлична атмосфера со двете навивачки групи.

„Македонското ракометно дерби во среда ќе биде збогатено со присуството на нашите навивачи, за кои ќе биде обезбеден сектор во салата ‘Боро Чурлевски’. Вашата поддршка ќе значи многу за тимот, кој со голема желба го очекува почетокот на натпреварот закажан за 18:00 часот, кога играчите на Вардар ќе бидат подготвени да го дадат својот максимум за нова победа. Ве покануваме да уживаме во ракометната игра и во фер и коректна атмосфера да ги бодриме црвено-црните“, соопшти Вардар.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.