Екипата на ПАОК Солун, каде што игра македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски, доби уште дерби во грчкиот шампионат.
По АЕК Атина, ПАОК на домашен терен славеше против Олимпијакос со 30-27, иако на паузата беше во негатива со 16-14, а во текот на мечот губеше и со пет гола разлика.
Темелкоски постигна еден погодок во мрежата на шампионот, а меѓу најдобрите поединци беа уште двајца ракометари што играа во Македонија – голманот Игор Арсиќ и пивотот Мохамед Мамду.
АЕК Атина е лидер на табелата со 22, ПАОК Солун е втор со 20, додека Олимпијакос падна на третото место во 18 бодови.

























