Македонската интернационалка Пена Граматова и нејзиниот клуб Војводина предводен од Андријана Будимир, победнички ја завршија полусезоната во Србија.
Војводина славеше на гостински терен кај Лозница со убедливи 38-23, а најдобра на теренот беше Граматова.
Таа успеа да постигне десет погодоци во противничката мрежа и беше прогласена за МВП на натпреварот.
По 11 одиграни кола, Војводина на Будимир и Граматова е прва на табелата со 17 бодови и осум победи, едно реми и еден пораз.
Македонското лево крило со 71 постигнат погодок е во ТОП 5 стрелци во лигата.

























