Денеска со шест натпревари се комплетираше главната рунда од групите 1 и 4 на Мундијалот во Германија и Холандија.
Иако од претходно беа познати четвртфиналистите во овие две групи, денешните меѓусебни дуели на прво и второпласираните екипи одредија кој од која позиција ќе стартува.
Во групата 1, Данска во текот на мечот губеше и со пет гола од Унгарија, но на крајот славеше со 28-27 и ќе биде на првата позиција. Ане Мете Хансен беше најдобра со шест гола во Данска, а Петра Шимон даде осум кај поразениот состав.
Романија и Јапонија прославија победи во неважни натпревари кои ќе се сметаат само во конечниот пласман.
Во групата 4, европскиот шампион Норвешка му допушти на Бразил само 14 голови и со убедлива победа го освои првото место.
Веќе е познато дека Германија ќе се соочи со Бразил во четвртфиналето, а Норвешка ќе игра против Црна Гора. Данска го чека поразениот од дуелот меѓу Франција и Холандија, додека Унгарија ќе игра со победникот од тој дуел.
Светско првенство, главна рунда, резултати:
група 1
Унгарија – Данска 27-28
Швајцарија – Романија 24-36
Сенегал – Јапонија 23-27
табела: 1. Данска 10, 2. Унгарија 7, 3. Романија 6, 4. Јапонија 5, 5. Швајцарија 2, 6. Сенегал 0
група 4
Норвешка – Бразил 33-14
Ангола – Шведска 26-24
Јужна Кореја – Чешка 28-32
табела: 1. Норвешка 10, 2. Бразил 8, 3. Ангола 6, 4. Шведска 4, 5. Чешка 2, 6. Јужна Кореја 0
























