Кој ќе ја фати последната шанса? Тиквеш, Бутел, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп во лов на плеј-оф!

До крајот на регуларниот дел на сезоната во Супер машката лига остануваат уште седум кола, од кои три ќе се одиграат сега во декември, а другите четири во февруари 2026 година, по што ќе се знае кои екипи ќе разигруваат за титулата. Покрај екипите од големата четворка, кои сега се борат за повеќе бодови (се пренесува целото салдо освоено), во средината на табелата е борба кои уште кои две екипи ќе им се придружат и ќе разигруваат за титулата.

Тоа ќе им донесе пред се помирна пролет, бидејќи нема да имаат стрес за можно испаѓање. Чeтири екипи – Тиквеш, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп – се во мртва трка за две места во плеј-офот, ако веќе е јасно дека таму ќе бидат Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда. Секако свои шанси има и екипата на Пролет, која е на 9 место на табелата со 11 бодови, но значително помали од оние на споменатата четворка.

Секој бод сега вреди двојно, а директните дуели меѓу овие четири тима ќе бидат вистински „мали финалиња“. Во продолжение, накратко по тим, кои се силните и слабите страни пред финишот на првенството.

Ако се гледа само на хартија – бодови сега, распоред и меѓусебни дуели – Тиквеш изгледа како најголем фаворит за 5 место. Практично, борбата за тие две места ќе се решава во директните дуели меѓу овие четири екипи. Таму ќе се гледа кој навистина е спремен за плеј-оф и разигрување за титула.

Табела, борба за плеј-оф

Екипа Бодови мечеви  дома мечеви  гости Дуел со екипи од ТОП 4 Дуел со директни конкуренти
ТИКВЕШ 16 *Охрид,
*Еурофарм Пелистер 2, *Радовиш, *Куманово
*Еурофарм Пелистер, *Прилеп, *Бутел Скопје *Охрид, *Еурофарм Пелистер *Еурофарм Пелистер 2, *Прилеп, *Бутел Скопје
БУТЕЛ СКОПЈЕ 15 *Алкалоид, *Вардар,
*Тиквеш
*Еурофарм Пелистер, *Пролет, *Струга, *Охрид *Алкалоид, *Вардар, *Еурофарм Пелистер *Тиквеш
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 14 *Бутел Скопје, *Алкалоид, *Струга *Тиквеш, *Еурофарм Пелистер, *Радовиш *Алкалоид, *Еурофарм Пелистер *Бутел Скопје, *Тиквеш
ПРИЛЕП 14 *Вардар, *Тиквеш, *Радовиш *Алкалоид, *Струга, *Охрид, *Еурофарм Пелистер *Вардар, *Алкалоид, *Охрид, *Еурофарм Пелистер *Тиквеш

 

ТИКВЕШ (16 бода)

Тиквеш моментално е чекор пред конкуренцијата. Имаат најмногу бодови од овие четири екипи и веќе направија важни победи во директните дуели.

ПЛУС: Веќе се на врвот од оваа „мини-лига“ од четири тима по број на бодови. Им претстојат релативно балансирани мечеви – имаат само два дуели со најсилните тимови од ТOП 4, а останатите се против ривали со кои реално можат да земат бодови.
Имаат и повеќе директни натпревари со конкуренцијата за плеј-оф, што значи дека сами си ја држат судбината во свои раце.
МИНУС: Гостувањата кај Бутел Скопје и Прилеп ќе бидат многу тешки. Ако загубат некој „на хартија полесен“ меч, на пример против екипи од долниот дел на табелата, целата предност може брзо да се стопи.

Најважни ќе им бидат директните дуели против ривалите за плеј-оф, и самите решаваат за се, нема да зависат од другите.

БУТЕЛ СКОПЈЕ (15 бода)

Бутел е искусен суперлигаш, знае да одигра големи натпревари, но распоредот до крај е навистина тежок и тоа е најголемиот удар по нивните шанси.

ПЛУС: Докажано знаат да победат директни конкуренти – имаат убедливи победи во сезоната кои покажуваат дека кога ќе „погодат ден“, можат да доминираат. Имаат победа над Еурофарм Пелистер 2, што може да биде важен фактор ако дојде до израмнување на табелата.
МИНУС: Распоредот им е еден од најтешките – ги чекаат мечеви со Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер и гостување во Охрид. Тоа се мечеви каде статистички е потешко да се освојат бодови. Во директните дуели со Тиквеш и Прилеп веќе имаат порази, па ако на крајот бодовно израмнат, тоа може да не им оди во прилог.

Имаат само еден преостанат директен дуел со конкуренција (со Тиквеш), па имаат помалку шанси директно да им „одземат“ бодови на ривалите.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (14 бода)

Еурофарм Пелистер 2 е млад и незгоден тим. Веќе се во зоната за плеј-оф, но мора да одиграат зрело и стабилно ако сакаат да ја задржат позицијата. Реално имаат големи шанси да бидат во разигрувањето за титулата.

ПЛУС: Во моментов се најблиску до 6. место и веќе се внатре во плеј-оф зоната. Тоа психолошки е голема предност. Имаат умерено тежок распоред – два меча со ТОП 4, а останатите се против ривали со кои можат реално да се надигруваат. Имаат директни дуели и со Бутел Скопје и со Тиквеш, што значи дека со добри резултати таму можат да си ја осигураат позицијата. Веќе имаат победа над Прилеп, што им дава предност во меѓусебниот скор со еден од главните конкуренти.
МИНУС: Млад состав значи и осцилации – кога ќе падне концентрацијата, знаат да загубат со висока разлика. Веќе имаат пораз од Тиквеш и од Бутел Скопје, па во вторите дуели ќе играат под притисок и со лош стартен меѓусебен биланс.

Ако „влезат во црна серија“ од два-три порази по ред, многу брзо можат да паднат зад Прилеп и Бутел Скопје.

ПРИЛЕП (14 бода)

Прилеп е тим во подем. Во серија се со добри резултати, имаат и силни победи, но нивниот распоред до крај е можеби најтежок од сите. Слично како и Бутел Скопје, имаат тежок распоред и ќе им треба некое „изненадување“.

ПЛУС: Во добра форма се – серија од победи им донесе приклучување во трката за плеј-оф и голема самодоверба. Имаат убедливи триумфи, особено против директни конкуренти, што покажува дека кога ќе „кликнат“, може да бидат многу незгодни.
Ќе играат дома со Тиквеш, што им дава шанса да му се „реваншираат“ и да направат директен удар по еден од главните конкуренти за 5. и 6. место.
МИНУС: Имаат најтежок распоред – вкупно четири дуели со ТОП 4 тимови, и најголем дел од нив на гости. Тоа е сериозен товар.

Во меѓусебните пресметки со конкурентите веќе имаат порази, па мора да прават не само победи, туку и изненадувања против фаворитите за да надоместат.