Тимот на Кастриоти, чиј тренер е македонскиот стратег Владимир Глигоров, реди победи во шампионатот на Косово.
Кастриоти славеше убедливо на гостувањето кај Љапи со 41-23, откако и на паузата водеше со плус шест, 19-13.
Избраниците на Глигоров се први на табелата со 22 бодови, со биланс од 11 победи и само еден пораз.
Во следното коло ќе биде дербито со шампионот Раховеци, кој има 20 бодови на второто место, а до крајот на полусезоната тимот на Кастриоти ќе игра дома со Вуштрија.

























