Тимот на Младост Богданци го заврши есенскиот дел од сезоната во Првата лига со 12 победи на 12 меча и е на добар пат да обезбеди место во Супер лигата.
Избраниците на Горан Андоновски победија на гости кај Преспа во Ресен со 41-26 во натпревар од 13 коло.
Богданчани го заокгружија овој дел од сезоната на максимум со 24 бодови и станаа есенски шампиони, а напролет ќе имаат два бода предност пред „витамините“ од Автокоманда, кои собраа 22.
Најдобар стрелец беше Даниел Андоновски со 15 голови за победничкиот состав, додека Христијан Ристевски погоди десет пати за Преспа.
До крајот на календарската година, ќе се одигра уште едно прволигашко коло.

























