Вардар доаѓа во Битола – билети во продажба oд утре, еве кога се игра македонското „ел класико“

Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го доби својот термин.

Битолчани објавија дека македонското „ел класико“ ќе се игра во среда со почеток од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Македонскиот шампион утре точно на пладне ќе ги пушти во продажба билетите за дербито, а нема сомнеж дека Вардар го чека пекол во Битола.

Билетите ќе може да ги купите онлајн ТУКА, како и на стандардните продажни места во Битола.

На табелата Вардар води со 30 бодови, Еурофарм Пелистер има 26, додека трет е Охрид со 23.