Шундовски до Нова Година ќе го води Еурофарм Пелистер

По оставката на досегашниот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.

Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно храбро и несебично ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер.

Еурофарм Пелистер денеска игра против екипата на Струга, како гостин во Битола, а потоа следуваат уште три средби.

Во Битола доаѓа вицепрвакот Вардар, а потоа битолчани ќе бидат на испит кај Охрид, додека полусезоната ја завршуваат со домашен дуел против Тиквеш.