Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе има нов предводник во пролетниот дел од оваа сезона.
Шпанскиот стратег Рубен Гарабаја си поднесе оставка, која беше прифатена од страна на раководството и потоа откри кои се причините за заминувањето.
„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, изјави Гарабаја.
Шпанскиот тренер освои еден трофеј со битолчани додека беше на кормилото – оној во Супер Купот на Македонија.
Рубен Гарабаја не е повеќе тренер на шампионот Еурофарм Пелистер
























