Македонскиот првак Еурофарм Пелистер не успеа да освои бодови на гостувањето кај Загреб во мечот кој го добија домаќините со 27-23.
Тренерот Рубен Гарабаја вели дека одбраната била добра, но нападот затаил и тоа е нешто на кое мора да се работи во иднина.
„Тежок натпревар. Го отворивме добро, и би рекол дека игравме прилично добро во одбраната, но за да победиш натпревар од Лигата на шампионите мора да играш добро на двете страни од теренот, а денес нашиот напад не изгледаше добро. Сигурно е нешто на кое ќе треба да работиме и да најдеме начини да бидеме повнимателни и трпеливи“, изјави Гарабаја.
Лигата на шампионите оди на пауза до февруари 2026 година, кога Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен со полскиот првак Висла Плоцк.
Еурофарм Пелистер почна добро – ама заврши со пораз во Загреб
























