Македонскиот првак Еурофарм Пелистер не успеа да освои бодови на гостувањето кај Загреб во мечот кој го добија домаќините со 27-23.
Капитенот Филип Кузмановски вели дека не е лесно да се игра во Загреб и дека победата на хрватскиот шампион е заслужена.
„Сите знаат дека во Загреб не е лесно. Имавме мали проблеми со ротацијата, тоа се почувствува во вториот дел и Загреб заслужено победи. Нивниот голман одбрани скоро се во продолжението, а тоа ги однесе кон победата“, изјави Кузмановски за „Спортске Новости“.
Лигата на шампионите оди на пауза до февруари 2026 година, кога Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен со полскиот првак Висла Плоцк.
Еурофарм Пелистер почна добро – ама заврши со пораз во Загреб
























