Европскиот првак Норвешка и селекцијата на Данска ги запишаа првите бодови во главната рунда на Мундијалот во Германија и Холандија.
Норвежанките уште по првиот дел ја решија средбата со Шведска, која немаше решенија за разиграните противнички.
Реистад и Бакеруд со по шест гола ја предводеа Норвешка, а Блом имаше пет кај поразениот состав.
Данска исто така немаше проблеми против Сенегал и победи убедливо со 40-26, а најдобра на теренот беше Скалионе со 11 погодоци.
Светско првенство, главна рунда, 1 коло, резултати:
група 1
Унгарија – Романија 34-29
Јапонија – Швајцарија 27-21
Данска – Сенегал 40-26
табела: 1. Данска 6, 2. Унгарија 6, 3. Романија 2, 4. Јапонија 2, 5. Швајцарија 2, 6. Сенегал 0
група 4
Бразил – Јужна Кореја 32-25
Чешка – Ангола 25-28
Норвешка – Шведска 39-26
Табела: 1. Норвешка 6, 2. Бразил 6, 3. Ангола 4, 4. Шведска 2, 5. Чешка 0, 6. Јужна Кореја 0

























