На натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите е присутен легендарниот Тимур Дибиров.
Некогашниот руски репрезентативец и легенда на Вардар е специјален гостин кај неговиот последен клуб Загреб.
Левото крило кое одигра безброј натпревари против Еурофарм Пелистер, сега имаше можност да го гледа битолскиот тим.
Русинот по девет сезони во Вардар одигра уште три во хрватскиот првак пред летово да стави крај на кариерата.


























