Романија без Хеидарирад и Кудуз против Македонија, се повреди и Каба!

Селекторот на машката репрезентација на Романија, Георге Буричеа, го објави списокот на 35 ракометари, од кои ќе се бараат патниците за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

По неговото доаѓање во националниот тим ги нема натурализираните ракометари кои добија романски пасоши – голманот Сеид Хеидарирад и левиот бек Анте Кудуз, а тие двајцата не се најдоа ниту на поширокиот список за ЕП 2026.

Повреден е десниот бек Демис Григорас од Татабања, кој го чека долга пауза, а на последниот меч на Партизан, сериозна повреда заработи и Ливиу Каба, кој исто така нема да му биде на располагање на Буричеа на ЕП.

Но тука се Бузле, Милитару, Јанку, Ракотеа, Нистор, новата ѕвезда Станчиук, па Деду, Гита, Ботеа…и јасно е дека Романија не е состав кој треба да биде потценет.

Романија ќе игра против Македонија, Данска и Португалија во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг.