Селекторот на машката репрезентација на Србија, Раул Гонзалес, го објави поширокиот список пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Шпанскиот стратег го врати во националниот тим на Србија дефанзивецот Илија Абутовиќ, кој игра за Еурофарм Пелистер, а тука е уште еден играч кој се повлече претходно Миљан Пушица.
На списокот на Раул се и десното крило на Охрид, Дарко Ѓукиќ, кој игра во одлична форма, како и десниот бек на Вардар, Урош Митровиќ и левиот бек на „сино-белите“ од Автокоманда, Урош Борзаш.
Ги нема Милан Јовановиќ од Војводина, Симо Шијан од Партизан, Матеја Додиќ од Загреб, Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер…но тука се браќата Немања и Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Владимир Цупара, Дејан Милосављев, Драган Пешмалбек, Милош Кос, Лазар Кукиќ, Урош Којадиновиќ, Стефан Додиќ…
Србија е во група со Австрија, Германија и Шпанија.

























