„Возен ред“ на Вардар – тргнува во Скопје со Мелсунген, завршува на гости кај Парондо

Ракометарите на Вардар се пласираа во главната рунда од Лигата на Европа, а таму во групата 3 ќе ги чекаат германскиот Мелсунген и португалската Бенфика.

Според првичниот распоред, кој допрва треба да биде потврден од страна на Европската ракометна федерација, Вардар ќе стартува на домашен терен против Мелсунген.

Вардарци потоа ќе патуваат во Лисабон, па ќе ја пречекаат Бенфика, а на крајот од главната рунда ќе гостуваат кај Роберто Парондо во Мелсунген.

На табелата, Мелсунген е прв со четири бода, Вардар е втор со два, Кристијанштад е трет со исто толку, додека Бенфика нема бодови на последното место.

Распоред на натпревари, Лига на Европа, главна рунда:

17/02, Вардар – Мелсунген
24/02, Бенфика – Вардар
03/03, Вардар – Бенфика
10/03, Мелсунген – Вардар