Ристески пред Еурофарм Пелистер 2: За победа мора да бидеме максимално фокусирани од старт

Ракометарите на Охрид по поразот од Вардар посакуваат враќање на победничките патеки во Супер машката лига.

„Гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат составот на Еурофарм Пелистер 2, а своите очекувања ги сподели левото крило Никола Ристески.

„Ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, млада екипа која многу трча и сака да се докажува. Сметам дека мора да влеземе максимално фокусирани од почеток на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика“, изјави Ристески.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2 се игра утревечер во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.