Тулуз дојде во Скопје да се надигрува со Вардар, и се држеше до самиот крај на средбата, иако загубија со 35-37 во меч од 6. коло на Лига Европа. Вардар се пласираше во следната фаза, а тука завршуваат европските настапи на Французите.
Тренерот на гостите, Даниел Анѓелковиќ му посака среќа на Вардар во продолжението на мечевите од Групната фаза пд Лига Европа, и рече дека ќе навива токму за „црвено-црните“.
„Навивам за вас во продолжението на Лига Европа. Немаше резултатски значење овој меч сега во Скопје. Дојдовме со намера да одиграме добро, да одиграат сите, и имаше убава атмосфера. Нешто што моите играчи немаат прилика да го осетат тоа во францускотопрвенство, и извлековме позитивни работи. Не му дозволивме на Вардар да се одлепи, па и водевме. Но, планот ни беше на мечот да држиме ритам и да ги сочувам играчите за недела за мечот со Монпелје, вели Анѓелковиќ.
Немања Илиќ
Му честитам на Вардар на победа и на пласман. Во двата меча беа поодбри од нас, поискусна екипа се, и тоа пресуди. Мечот немаше значај, резултатски, но с еобидовме д аодиграме подобро, да го задржим еритамот. Но, Вардар победи и му поскаувам среќа понатаму.
























