Вардар со петти триумф во групната фаза од Лига Европа, заврши на првото место на табелата во Ф групата. Тулуз двапати беше победен сезонава, а во Скопје му требаше на Вардар време да го „скрши отпорот’ на гостите. Но, кога поведе со три гола, потоа се беше полесно.
На крајот мечот заврши со триумф 37-35 на Вардар, и тие пренесуваат два бода во Главната фаза, каде ќе играат со Мелсунген и со Бенфика во Главната фаза.
Тренерот Иван Чупиќ изјави дека не бил задоволен од првото полуврме, но дека во второто тимо одиграл многу подобро.
„Мене Тулуз ми се допаѓа како тим. Тоа е екипа која сака да се тепа, да трча, никогаш не се предава. Беше важно од два прчини. Го знаевме менталитет на тренерот и дека нема да се предаде. Знаев дека ќе дојде Тулуз тука, иако не им значи победа, туку ќе играат машки. Така е во нашиот спорт, секогаш треба така. Од моите играчи не бев задоволен во првото полувреме, немавме енергија, немавме дуел. Овие мечеви не дозволуваат опуштање, затоа вториот дел беше поинако, полна сала, направивме многу за победа, вели Чупиќ
























